Хорхе Масвидал има почит кон легендарниот Жорж Сент Пјер, но сепак е подготвен да му го смачка лицето. Масвидал стана голема ѕвезда откако забележа две големи победи со нокаут, а потоа го совлада Нејт Дијаз и стана најлошото копиле во УФЦ. Гејмбред сака да ја искористи славата и да ги бара најголемите можни борби за да стане побогат.
Масвидал зборуваше за битката со Конор Мек Грегор, а потоа и со Камару Усман. Сега реши да се насочи и кон Сент Пјер и е подготвен да го врати во игра, а потоа да го врати во пензија.
„Луѓето зборуваат за мене дека ги оживувам борците, а потоа пак ги пензионирам. Немам проблем да го направам истото и со Жорџ Сент Пјер. Ако морам да сум искрен, тогаш ќе ви кажам дека сакам да му го смачкам лицето.
Сакам да влезам во кафезот со него и да му дадам се што имам. Го почитувам тоа што го постигна. Жорж беше аут долго време, а потоа се врати и го победи Биспинг, за да ја освои титулата. Сент Пјер е животно. Нема да му откажам на никого во оваа категорија“, вели Масвидал.