Двократниот предизвикувачот за титулата во полусредна категорија на УФЦ (до 77 кг) Хорхе Масвидал го коментираше резултатот од реваншот меѓу Дастин Пориер и Џастин Гејџи. Борбата меѓу нив се случи на УФЦ 291 минатиов викенд во Јута, САД.
За потсетување, Гејџи победи со нокаут во втората рунда и ја освои титулата БМФ. Да, ова е титулата што Хорхе Масвидал ја освои пред неколку години во борбата со Нејт Дијаз. Масвидал беше тој што му ја предаде титулата на Гејџи по победата во Јута.
„Гејмбред“ стискал палци да победи Пориер кој го нокаутира Гејџи во 2018 година. За жал на Масвидал, Пориер загуби, со што го уништи неговиот облог од 100.000 долари.
„Се чувствував како Дастин да го диктира темпото упатувајќи ги најдобрите удари во првата рунда. Сè одеше според сценариото на Дастин, но ова е боречка игра, знаеш? Џастин погледна надолу и упати висок удар, фаќајќи го мојот пријател.
Совршен удар. Вложувам облози што веројатно не треба да ги правам. Се обложив 100.000 долари на Дастин Пориер. Деца, извинете. Сега треба да одите во државно училиште“, изјави Масвидал за ТНТ спорт.
За жал, обложувањето секогаш вклучува ризици. Човек треба да биде внимателен со нив, ако сака да не заглави во ова мочуриште.
View this post on Instagram