Хорхе Масвидал и Жилберт Барнс се договорија за борба

Поранешните предизвикувачи за титулата на УФЦ во полусредна категорија вербално се договорија да се борат меѓу себе.

Хорхе Масвидал и Жилберт Барнс се договорија за борба, но датумот се уште не е дефиниран. Опциите за кои се дискутира се: УФЦ 282 во декември во Лас Вегас или УФЦ 283 во јануари 2023 година во Рио, Бразил. Веќе подолго време зборуваа за меѓусебен дуел, но сега тоа ќе се случи.

Масвидал има скор од 35-16 во ММА и е во серија од 3 порази. Последен пат загубиво март со одлука од Колби Ковингтон. Хорхе 3 години нема победа во ММА. Тој има добиено 18 од неговите борби со завршница, од кои 16 со нокаут. Масвидал 4 пати е запрен пред официјалниот крај.

Два пати се бореше за титулата, но двата пати загуби од Камару Усман. Хорхе стана голема ѕвезда откако постигна 3 последователни нокаут-победи во 2019 година. Една од нив беше над Бен Аскрен за 5 секунди, рекорд на УФЦ. „Гејмбред“ го победи и Нејт Дијаз за да освои уникатен појас кој го направи „најлошото копиле“ во УФЦ.

Брнс има 20-5 во ММА, а во април загуби од Хамзат Чимаев со одлука на судиите. Жилберт победи на 1 од последните 3 борби во УФЦ. Во февруари 2021 година се бореше за титулата, но загуби со нокаут од Усман. Брнс заврши 14 од неговите борби и двапати беше нокаутиран. Тој има изгубено само 2 од последните 9 борби во УФЦ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CrashMMA (@crashmma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON