Холовеј го нокаутираше Петис, Кероне со хај кик Мет Барун (ВИДЕО)

maks-holovej-entoni-petis
Во главната борба на УФЦ 206 во Торното, Канада, Макс Холовеј (17-3, 13-3 УФЦ) стигна до 10-тата последователна победа и ја освои привремената титула во перолесна категорија.

https://youtu.be/vqAIgPVprG4

Кон крајот на третата рунда Холовеј со удар со нога во тело го скрши, а потоа со удари со рака го заврши поранешниот првак Ентони Петис (19-6, 6-5 УФЦ), кој имаше проблеми со симнувањето на килограми. Во следната борба би требало да се сретне со првакот Хозе Алдо.

Како и што се очекуваше во подглавниот настан меѓу Доналд Кероне (32-7, 19-4)  и Мет Барун (20-16, 13-10 УФЦ) беше вистинска војна во стоечка позиција. Двајцата борци имаа своите силни моменти и прецизно зададени удари. Во втората рунда Барун дури успеа да го собори Кероне на земјата по една комбинација.

https://youtu.be/DVTmU6JIjDU
Во третата рунда, сепак, по тејкдаун на Барун, Каубојот успеа веднаш да се дигне и да нанесе удар со левата рака, проследен со удар со десницата кој го зашемети „The Immortal“. Последниот удар во главата го нокаутира Браун и дуелот заврши со победа на Кероне.

https://youtu.be/Ihbw0fM_LVE

Изненадување беше и победата на Келвин Гстелум над Тим Кенеди. Иако Кенеди имаше силен почеток, во третата рунда Гастелум направи добри комбинации, избегнувајќи ги нападите на противникот кој веќе изгледаше многу исцрпен. По кратка размена на удари Келвин направи комбинација од три удари со раце со кои го нокаутира Кенеди.

https://youtu.be/0Cm9iAqT2Hg

https://youtu.be/GSLQVLMGjBs

УФЦ 206

Макс Холовеј – Ентони Петис (ТКО, Р3)
Доналд Кероне – Мет Браун (КО, Р3)
Каб Свенсон – Доохо Чои (едногласна одлука, 30-27, 30-27, 29-28)
Келвин Гастелум – Тим Кенеди (ТКО, Р3)

Емил Мек – Џордан Мајн (едногласна одлука, 29-28, 29-28, 29-28)
Миша Циркунов – Никита Крилов (сабмишн, гилотина, Р1)
Оливие Обин – Мерсие – Дру Добер (сабмишн, давење од позади, Р2)
Вивиен Переира – Валери Летурно (поделена одлука на судиите, 29-28, 28-29, 29-28)
Матеј Лопез – Мич Гангон (едногласна одлука, 29-28, 29-28, 29-27)
Ландо Ваната – Џон Макдеси (КО, Р1)
Рустам Хабилов – Џејсон Саџи (едногласна одлука, 30-27, 30-27, 30-27)
Дастин Ортиз – Зак Маковски (поделена одлука на судиите, 29-28, 28-29, 29-28)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON