Холм за реваншот со Ронда може да добие 7 милиони долари-се исплаќа ли да чека?

Holm zamislena

На новата шампионка Холи Холм и претстои да заработи солидна сума на пари, ако се согласи на реванш за време на УФЦ 200, што ќе се одржи на 9 јули во Лас Вегас, Невада. Холм имаше импресивен настап за време на УФЦ 193, кога во рок од две рунди успеа да ја детронизира непобедената Русеј.

„The Preachers Daughter“ има желба да остане активна како борец во месеците пред настанот УФЦ 200, за да ја одржи формата и да ги изарадува своите навивачи со уште неколку атрактивни дуели. Засега, најлогичен избор за нејзин следен противник е Миша Тејт, но кој знае? Не треба да заборавиме дека на патот за разрешницата на секоја борба има мали пречки кои можат да ја попречат, како на пример …парите.

„Од финансиска гледна точка мечот на Холи Холм со Ронда е нејзината најголема борба. За него Холи добие околу 7 милиони долари“, рече Роган.

„Таа не сака да се чека до јули за следна средба, сака да остане активна и јас целосно ја разбирам“.

„Но, гледано од финансиската страна – подобро за неа ќе е да го почека реваншот со Ронда, бидејќи тој ќе и донесе најмногу приходи“.

Како што веќе ве известувавме, од раководството на УФЦ исто така не се ентузијасти за организирање на натпревар меѓу Тејт и Холм, бидејќи во моментов сите нивни напори се насочени за решавање на најголемиот реванш во историјата на организацијата до овој момент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON