Ивендер Холифилд фрли сомнежи во квалитетите на својот стар противник Ленокс Луис, откако рече дека ѕвездата Ентони Џошуа е најдобар британски боксер во историјата.
„Тој има основа, бидејќи учествуваше и победи на Олимписките игри. Големите натпреварувачи од аматерскиот бокс имаат потенцијал, за да направат долга кариера. Тој е надарен боксер што доаѓа од Велика Британија. Боксира како Американец. Може да стане светски шампион во тешка категорија. Има вештини и срце“.
Тој го советува Џошуа никогаш да не дозволи противникот да го надмудри во рингот.