Холи Холм го освои светот откако ја нокаутира до тогаш недостижната Ронда Русејна УФЦ 193. Со оваа победа Холм стана шампионка во бантам категорија на УФЦ.
Освојувајќи титулата во ноември, Холм забележа официјален рекорд во Гинисовата книга на рекорди, станувајќи првиот спортист кој држел титули во боксот и во ММА.
Кога веќе се е официјално, Холм и се заблагодари на своите фанови.
„Се случи нешто за кое сонував. Да бидам првиот борец кој има титули од боксот и од ММА. Денес добив официјално документот од Гинисовата книга на рекорди. Горда сум, но уште погорда ќе бев ако уште бев шампионка. Тоа ме потсети дека треба да продолжам напред. Имам страст за овој живот. Се уште сонувам за успех во се што правам. Тоа е единствениот начин со кој можам да живеам. Затоа ќе продолжам да учам, да се подобрам и пак да сум на врвот. И благодарам на сите кои ме поддржуваат во кариерата“.