Холи Холм потпиша договор со УФЦ на неколку години

Holi Holm muskuli

Холи Холм (34 г.) која ја нокаутираше поранешната шампионка Ронда Русеј во ноември, потпиша нов договор со УФЦ. Менаџерот на натпреварувачката, Лени Фрескез изјави дека таа е многу среќна од здлеката.

Шампионката во бантам категорија го шокираше светот со нокаутот над Русеј на УФЦ 193 во Австралија.

„Официјално потпишавме договор на неколку години со УФЦ“, изјави Фрескез за ЕСПН. „Тоа можам да ви го кажам засега. Го потпишавме и сме многу задоволни од договорот“.

Фрескез не откри детали во врска со договорот, а од УФЦ не го коментираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON