Холи Холм: Не сакам осум месеци да ја чекам Ронда Русеј, тоа ќе ме исфрли востановеното темпо

Holly-Holm lice

Иако Дана Вајт изјави дека следната борба на Холи Холм ќе биде реванш со Ронда Русеј, новата шампионка на УФЦ ова не и се допаѓа, бидејќи толку голема пауза би ја исфрлило од нејзиното етаблирано темпо и тоа би можело негативно да се одрази на нејиниот настап.

Идејата е реваншот да се одржи на настанот УФЦ 200, кој доаѓа во јули и сигурно ќе биде најголем и најсилен УФЦ настан во историјата на организацијата. Токму затоа организацијата би сакала да ја има својата суперѕвезда, односно таму сакаат да и дадат шанса да го врати на појас во нејзина сопственост.

„Единствениот проблем околу таа борба е што Ронда ќе може да се бори во јули, а јас не сакам да чекам толку долго. Тоа се осум месеци. Десет години во боксерската кариера ја одржував динамиката со четири борби годишно. Толку долго чекање ќе ме исфрли од нормалата и ќе има негативно влијание на мене“, ја прокоментира таа можност Холм.

Се разбира дека паузата нема добро влијае на неа. Впрочем, кога потпиша за УФЦ, поради проблемите со некои договори, не успеа да настапува десет месеци, паУФЦ дебито против Ракел Пенингтон веројатно е најлошота борбата во нејзината кариера, во која едвај дојде до победи. Сепак, свесена дека може да не има избор.

„Возвратниот натпревар е нормална работа, но сакам борба меѓу сега и тој датум. Јас само треба да останам активна. Постојат многу опции кои може да се спроведат. Но, во најмала рака, ако треба ќе се стрпам до настанот УФЦ 200. Ќе видиме што ќе се случи“, на крајот, рече послушно Холи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON