Претседателот на компанијата „Голден бој промушнс“, Оскар де ла Хоја смета дека борбата на Кел Брук може да биде резервна опција за Амир Хан, во случај да не може да излезе меч против Флојд Мејведер. На 13 декември Амир Хан ќе излезе на рингот во Лондон против Девон Александар. Ако победи Амир Хан, тогаш тој следната средба може да ја има со Флојд Мејведер.
„Сметам дека борба на така големо ниво може да се одржи на стадионот „Вембли“, каде што ќе се соберат околу 100 000 гледачи. Тоа е план „Б“, рече де ла Хоја пред BoxingScene.
http://youtu.be/5Dt1NVhj4RU