Химната на Македонија во чест на Нуров на МИ (ВИДЕО)

Магомедгаџи Нуров синоќа го освои златниот медал на Медитеранските игри во Оран, Алжир, во борење слободен стил, совладувајќи го во финалето Фејзулах Актурк од Турција со 4-3.

Борбата за нашиот репрезентативец тргна лошо, бидејќи во првата рунда противникот водеше 0-3. Во втората Нуров намали на 2-3, а во последните 5 секунди ја направи клучната акција со која поведе 4-3 и го освои вториот медал за Македонија на Медитеранските игри во Оран, Алжир, но сега најсјаниот – златниот.

Ова беше втор златен медал од МИ на Нуров. Првиот е од Тарагона 2018 година, кога во финалетп против Симоне Јанатони славеше со 11-0.

Во чест на Нров се свиреше макеоднската химна.

Владимир Егоров го освои бронзениот медал.

Резултати:

97 кг
Могамедгаџи Нуров – Мохамед Саадуи (Тунис) 13-2
Могамедгаџи Нуров – Мохамед Фардј (Алжир) 10-0
Могамедгаџи Нуров – Алехандро Панкорбо (Шпанија) 10-0
Полуфинале
Могамедгаџи Нуров – Мостафа Елдерс (Египет) 6-1
Финале
Могамедгаџи Нуров  – Фејзулах Актурк (Турција) 4-3

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON