Моника Пенадаровска (-53 кг) направи хет-трик на европскиот првенства за кадети, јуниори и јуниори до 21 година откако денес на Европското првенство во Лимасол, Кипар, го освои бронзениот медал во борби. Претходно беше успешна на ЕП 2013 година во Коња-Турција и минатата година во Цирих, Швајцарија.
За денешниот настап вели:
„Имав четири борби, од кои последната беше онаа за финалето, која ја изгубив од Швајцарката Маја Шаерер. Но, тоа беше мотив за уште помотивирано да влезам во борбата за трето место“.
Пенадаровска истакнува дека не ја познавала Србинката Вујасиновиќ од порано и дека ова било нивна прва средба.
За пропуштената шанса ќе рече:
„Сепак, од секоја грешка има некоја поука и ново искуство, кое, се надевам, ќе ми служи во иднина во сениорска конкуренција“.
Пендаровска (-53 кг) за бронзениот медал се бореше со Србинката Александра Вујасиновиќ и убедливо ја совлада со 7-0. Јуниорката Моника прво со 5-0 ја совлада Словенката Барбара Хаберл, потоа Саде Тигер од Финска 2-0, на ред беше Германката Гизем Бугур (1-0), а во полуфиналето загуби од Маја Шаерер од Швајцарија (0-3).
Ipon.mk/В.Д.