Каратистот Емил Павлов направи хет-трик за спортист на годината на Штип. Тој на денешаната свеченост ја прими наградата најдобар спортист за 2016 година на Штип, а на второро и третото место се Дејан Митров и Кристијан Станојковски.
Павлов признанието го заслужи со освојувањето на бронзениот медал на Европското првенство во Монпелје, Франција, минатата година, но и златото на Балканското првенство во Истанбул, како и второто место на Карате 1Премиер лигата во Салцбург, Австрија, и титулата државен првак во категоријата до 60 килограми.
Во пионерска категорија најдобар спортист е Давид Мишев од Боречкиот клуб Балканец, во кадетска е Јована Арсова од Кик бокс клубот Гладијатор, додека кај младинците е избран пингпонгарот Петар Костовски, додека Ивана Василева од Џиу џица клубот Осенсеи е втора во оваа конкуренција.
Пионери
1.Давид Мишев од Балканец
2.Јована Успрцова ОК УГД
3.Костадин Коцев од ФК Брегалница и Филип Тасев од Балканец
Кадети
1.Јована Арсова од KBK Гладијатор
2.Ивана Василева од ЏЏК Осенсеи
3. Иван Киров од ПК Челични
Младинци
1.Петар Костовски пинг понг
2.Филип Костадиновски пинг понг УГД
3.Тамара Христовска одбојка
Најдобри тренери се Сашко Арсовски во поединечна категорија од КК Штип, а Трајче Тасевски во колективен спорт. Од наставници, по предлог на училишниот спорт, се избрани Мијалче Маџаров и Звонко Рунчев, а за најдобри судии се избрани Иван Јовановски и Стефан Јанков.
За спортска афирмација на Штип признанија добија Бобан Николов, Влатко Митков и Мартин Поповски.
Додека за најдобар надежен тренер е избран тренерот на Кик бокс клубот Гладијатор, Кирил Нацев.
Покрај најдобрите спортисти, беа дефинирани и најдобрите училишта во училишен спорт, основното Тошо Арсов за футсал и средното медицинско Јане Сандански за карате и фрлање на ѓуле.
Ipon.mk/В.Д.