Херн: Ви гарантирам борба на Џошуа со победникот од мечот Вајлдер-Ортиз

Промоторот на Ентони Џошу, Еди Херн, ветува меч за обединување на титулите во тешка категорија.

Тој гарантира дека неговиот боксер ќе се бори во 2018 година со победникот од средбата меѓу Дионтеј Вајлдер и Луис Ортиз.

На 28 октомври Џошуа ги брани титулите на ВБА, ИБФ и ИБО против Кубрат Пулев, а Вајлдер се овој викенд се бори со Кубанецот.

Херн би сакал AЏ да се бори со Вајлдер. Го смета Ортиз за опасен противник и евентуалната победа на Вајлдер би ја направило борбата со Џошуа уште поголема.

Британскиот тим би можел да оди и на меч за обединување со ВБО шампионот, но Џозеф Паркер не ги импресионираше на средбата со Хјуи Фјури.

„Вајлдер-Ортиз е навистина добра борба. Вајлдер досега не беше во добри борби, но тоа не е негова вина. Ако победи имаме супер борба во зачеток. Џошуа ќе се бори со кого било, без проблем. Ви гарантирам дека ќе ја видите борба на Џошуа со победникот од таа битка пред крајот на 2018 година“, рече Херн.

„Паркер неодамна се бореше со Фјури. Тоа беше една од најлошите тешкашки битки што некогаш сум ги видел. Неговите акции пропаднаа, но сепак го сакаме неговиот појас. Но,. Џошуа-Вајлдер е вистинска борба. Две млади, експлозивни тешкаши. Тоа е суперборба во зачеток. Ако тоа биде „плати па гледај“ борба, немаме ништо против доаѓањето во Америка, а исто така ќе биде голема и во Британија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО