Херн верува дека пресметката меѓу Фјури и Џошуа ќе се случи наскоро: Тоа ќе биде голем спектакл

Ентони Џошуа ќе се обиде да го врати шампионските појаси ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО во реваншот против Украинецот Александр Усик, без кои остана лани на крајот на септември на боксерскиот спектакл во Лондон.

Британскиот борец загуби пред домашната публика против одличниот Усик. Со тој пораз Џошуа остана без можност да се бори за апсолутен светски шампион со сонародникот и шампион на ВБЦ Тајсон Фјури.

Познатиот промотер Еди Херн смета дека пресметката меѓу британските тешкаши, без разлика на исходот од следните натпревари, би можела да се случи веќе на крајот на 2022 година или на почетокот на следната година.

Џошуа ќе боксира против Усик во април или мај, а Фјури најверојатно ќе се соочи со предизвикувачот Дилиен Вајт.

„Мечот меѓу Џошуа и Фјури е борба која сите сакаат да ја гледаат и секогаш ќе биде актуелна. Тоа ќе биде голем спектакл, а колку поголем, толку подобро за сите нас“, рече Еди Херн и додаде:

„Ветувам, оваа борба ќе ја организираме на крајот на годината или на почетокот на следната. Тој меч треба да се случи бидејќи едноставно е преголем за да се избегне. Мора да го организираме овој дуел.

Но, ако Џошуа загуби во возвратната борба од Усик, тогаш интересот за неговиот меч против Фјури сигурно ќе стивне.

Но, тогаш може многу погласно да се зборува за судирот меѓу Фјури и Усик за обединување на титулата.

Пред извесно време Џипси кинг побара од Џошуа да се откаже од реваншот против Украинецот, на што секако Ентони не се согласи.

Сега останува само да го чекаме исходот од натпреварите кои следуваат наскоро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО