Еди Херн, менаџер на Дилиeн Вајт, изјави дека евентуален судир меѓу Англичанецот и Дионтеј Вајлдер ќе биде една од најголемите борби во професионалниот бокс.
„За мене, освен Еј Џеј против Фјури, Вајт-Вајлдер останува една од најголемите борби во боксот. Би сакал да ја направам оваа битка. Мислам дека Дионтеј Вајлдер треба да се врати во рингот. Сигурно не би сакал веднаш да го донесам против Дилиен Вајт. Му треба борба, мислам. Веројатно ќе работи со нов тренерски тим“, изјави Херн за Скај спорт.
Сепак, Дилиен Вајт ќе има реванш меч против Александар Поветкин.
Потсетуваме, Александар Поветкин го нокаутира Вајт во првиот меч кој се случи на 22 август во тренинг кампот на „Мечрум“ во Брентвуд, Англија.
Втората средба меѓу Поветкин и Вајт беше закажан за 21 ноември 2020 година, но нивниот меч беше одложен за 2021 година поради состојбата на Русинот.
На највисоко рангираниот руски боксер во тешка категорија во професионалниот бокс му беше дијагностициран Ковид-19. Подоцна беше испратен во самоизолација во московска клиника за лекување. „Рускиот витез“ целосно се опорави и е закажан нов датум за средбата – 6 март.
„Како прво, 6 март е најважен за Дилиен Вајт. Ако го загуби овој меч, може да заборави да се бори против Дионтеј Вајлдер и да заборави да се бори за светската титула, па мора да победи на овој дуел“, заклучи Херн.