Чимаев бил на работ на смртта

Како што веќе е познато борбата меѓу Леон Едвардс и Хамзат Чимаев пропадна по трет пат. Причината е што чеченскиот борец (настапува за Шведска) сè уште не се опоравил од коронавирусот и се повлекол од мечот.

Менаџерот на борецот Маиџи Шамас рече дека Чимаев бил тешко болен од Ковид-19 кон крајот на минатата година и бил на работ на смртта.

„Во вторникот, кога го заврши тренингот, тој не можеше ниту да отиде во неговата соба. Дури немаше сила да се качи и заспа во ходникот. Не можеше да тренира. Неговите пријатели ми се јавија и ми рекоа: „Хамзат не може ни да зборува. Има висока температура, има толку силни главоболки и болки во мускулите“, рече Шамас.

„Потоа дојде брза помош и го однесе во болница. Од болницата Хамзат ми се јави и ми рече дека мисли дека ќе умре. Му беше навистина многу лошо“, рече тој.

Колби Ковингтон се очекува да го замени Чимаев на мечот со Едвардс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО