Промоторот на Ентони Џошуа, Еди Херен, вели дека неговиот боксер направил позитивен исчекор за борбата со Дионтеј Вајлдер.
ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО шампионот Ентони Џошуа на 1 јуни во Њујорк ги брани титулите против Џарел Милер, а Вајлдер по откажувањето на реваншот со Фјури, најверојатно во мај, ќе го одбрани ВБЦ појасот против Доминик Бризил.
Во исчекување на очекуваните позитивни резултати на борбите, Херн вели дека двете страни имаат силна желба да се борат.
„Ова е многу охрабрувачки. Не сакам премног да зборувам, бидејќи не сакам да го подречам. Но, мислам дека постои можност некој да биде посредник во договорот за оваа борба. Јасно е дека односот помеѓу тимовите на Вајлдер и Џошуа не се најдобри. Мислам дека тоа ќе биде патот што ќе биде од голема корист за постигнување на договор за неоспорен првак. Тука не се работи само за постигнување на договор со Вајлдер, туку и да се постигне на договор со Џошуа“, изјави за Скај спорт.
„Работите полека се сложуваат. Не чека долг пат и ќе видиме каде ќе не одведе. Но, мислам дека сега постои стратегија која ќе не одведе до таа борба. Постои јасна желба на двете страни да се дојде до неа“.