Херн му е лут на Фјури: Не знам дали беше лошо расположен или си поигрува со нас

Промоторот на Џошуа, Еди Херн е лут на Тајсон Фјури откако ги слушна неговите изјави во неодамнешното интервју дека не тренира и пие 12 пива на ден. Главниот организатор на боксерскиот спектакл меѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури пред неколку дена откри дека договорот е составен и се уште го чека потписот на „Кралот на Ромите“ и претставникот на неговиот тим.

Фјури во интервјуто спомена и дека следната борба би можел да ја има против Дионтеј Вајлдер, а не против Џошуа.

„Ќе потпише договор, а неговото интервју навистина ме разочара. Сакам да слушнам од него дека е заинтересиран само да се бори против Џошуа. Не знам дали беше лошо расположен или само си поигруваше со нас. Вложивме многу труд во таа зделка и знам дека Фјури е внатре“, рече Еди Херн.

Тој посвети внимание на изјавата дадена минатата недела од Фјури.

„Рече дека никогаш повеќе нема да се бори со Вајлдер, а сега вели дека би можел да биде неговиот следен противник. Затоа е подобро да се посветиме на она што го правиме, наскоро ќе ги објавиме големите вести“, истакна Еди Херн и заклучи:

„Џошуа сака да биде апсолутен светски шампион. Почувствува желба и во моментот на интервјуто на Фјури не ја видов таа енергија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON