Херн: Мек Грегор е поголем од УФЦ, ако треба ќе танцувам за него

Еди Херн би сакал да работи со Конор Мек Грегор, ако повторно се врати во боксерскиот ринг.

Ирецот боксираше во летото 2017 година со Флојд Мејведер во меч вреден стотици милиони долари, а британскиот промотор смета дека „Озлогласениот“ е поголем од УФЦ.

„Сакам да мислам дека ќе бидам тој што ќе го повика ако се одлучи да се врати во боксот“.

„Тој има доволно голем бренд, скоро и да му требам. Ова е нешто слична ситуација како со Генади Головкин, кого го застапуваме. Тој би можел тоа да го стори сам, но ние можеме да направиме да го направиме подобро заедно со него. Не за него, туку со него“, рече Херн.

„Откако борец ќе дојде на тоа ниво, тогаш тоа е партнерство. Некому како на Конор ќе му речете: Знаеме дека ти си шеф, ти си бренд. Но, зад сцената, во смисла на приходите, ПР, логистика и воопшто со менаџментот, за да ти го олесниме животот, ние сме најдобри што постојат. Таква е нашата врска со Генади Головкин “.

„А, кога станува збор за такви работи, се чувствувате како почестени, затоа што овие момци можеа да го сторат тоа со којбило друг, но нè препознаа нас и рекоа: Сакам да работам со Мечрум“.

Мек Грегор на овие ласкави коментари одговори преку Твитер со порака: „Еди танцувај за мене“.

Херн вели дека тоа воопшто не е проблем.

„Всушност, навистина не знам што значи кога вели: Еди танцувај за мене. Дали е тоа добро или лошо? Прашав некои луѓе наоколу, тие рекоа дека е добро. Пријателе, ќе направам што и да сакаш. Ќе танцувам за Конор. Нема проблем. За Конор цел ден ќе танцувам. Само потпиши за Мечрум и ќе танцувам цел ден. Ќе танцувам колку сакаш“.

„Ова е прилично забавно. Ги гледате известувањата на вашиот телефон и мислите: О, срамота! Конор твитна за вас. Реков дека е легенда. Е. Претпоставувам дека ќе се држат до ММА. Што и да направи, секоја можност да се бидам поврзан со него и неговата промоција би била сон “.

„Ако Конор сака да работи со нас, секогаш му стоиме на располагање. Кога ќе ги погледнеме сите борци, кога ќе ги погледнам сите самопромотери Конор Мек Грегор е на врвот. Го сретнав само на минута, така што не го познавам лично, но имам голема почит спрема него “.

„Прво заради она што го направи во октагонот и второ заради она што го направи за својата работа, начинот на кој се носи себе си и се промовира. Во таа смисла, никогаш немало некој како него. УФЦ беше бренд и не е важно кој сте, не бевте поголеми од УФЦ. Но, сега Конор Мек Грегор е поголем од УФЦ, тоа е реалноста. Тој сега е УФЦ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON