Канело Алварез конечно би можел повторно да се бори во својата земја. Боксерскиот промотор Еди Херн истакна дека настанот на кој ќе настапи и Канело може да се одржи во неговото родно Мексико.
Алварез (32-5, 18 КО) од Гвадалахара, а во рингот треба да се врати на 6 мај, најверојатно против Џон Рајдер.
Неприкосновениот шампион во супер средна категорија по 11 години сака повторно да боксува во својата татковина.
„Канело сака да се бори во Мексико“, рече Еди Херн и додаде:
„Но, секогаш кога ќе се решите на тој потег, мора да земете во предвид дека ќе заработите многу помалку пари. Но, добро му оди. Ќе се бори во Мексико и сепак ќе заработува. Мислам дека сака да им ја даде борбата на своите сонародници, а противник би можел да му биде Џон Рајдер“.
Англискиот боксер (32-5, 18 КО) има четири победи во низа, а лани во ноември го совлада Зек Паркер со прекин во петтата рунда и ја освои привремената титула на ВБО во суперсредна категорија.
„Сè уште ништо не е потврдено, но верувам дека Рајдер би можел да биде следниот противник на Канело, тој стана задолжителен предизвикувач. Мислам дека борбата ќе се одржи во САД или Мексико“, подвлече Еди Херн.