Познатиот промотер Еди Херн не крие дека Филип Хрговиќ имаше слаб настап против Кинезот Жилеи Жанг, но непоразениот хрватски тешкаш, без разлика на се, ја извојува 15-та победа во кариерата.
Хрговиќ го победи Џанг со едногласна одлука на судиите на неодамнешниот настан во Џеда каде Александр Усик против Ентони Џошуа ги одбрани појасите во тешка категорија на ВБО, ВБА и ИБФ.
Хрговиќ веќе подолго време бара противник во елиминациски меч за предизвикувач на ИБФ, бидејќи многумина го одбија, меѓу нив и Џозеф Паркер и Луис Ортиз. Тогаш Жанг (24-1-1, 19 КО) реши да ја прифати борбата против Хрговиќ (15-0, 12 КО).
Херн истакнува дека сега многу се смениле работите, а кога го добил местото како задолжителен предизвикувач на ИБФ, многу борци сега би можеле да бидат заинтересирани за мечот против Филип.
Особено по не многу убедливиот настап против Кинезот во кој Хрватот не делуваше премногу застрашувачки.
„Хрговиќ не боксираше добро. За жал, неговиот татко почина неодамна. Не знам дали тоа влијаеше на неговите подготовки. Но, и Џанг е потценет. Тој е добар борец и огромен, во таа борба тежеше 126 килограми – изјави Еди Херн и додаде:
„Го ценам Филип Хрговиќ, тој е извонреден борец. И како што рекоа нашите копромотори Нисе и Кале Зауерланд, порано многумина одбиваа да се борат со него, а сега некој од нив можеби ќе побара меч против Филип. Верувајте ми, никој не сакаше да се бори со него“.
Со победата на најважниот меч во кариерата против Жанг, Хрговиќ го обезбеди задолжителното предизвикувачко место во мечот за предизвикувачкиот појас на ИБФ, кој моментално е во сопственост на Усик. Украинецот уште ги држи титулите во ВБА и ВБО.
„Филип Хрговиќ сега е задолжителен предизвикувач на Александр Усик. Кога ќе се врти круг на ИБФ, што веројатно ќе се случи по уште две борби, Хрговиќ дотогаш ќе има уште една борба. А потоа ќе го чека атакот на титулата светски првак во тешка категорија. Во следниот настап ќе изгледа многу подобро“, подвлече Еди Херн.