Поранешниот светски шампион Ентони Џошуа со победите против Џермејн Френклин и Роберт Хелениу се врати на победничката патека и се надева дека еден ден повторно ќе се бори за тронот во тешка категорија.
Промоторот на Џошуа, Еди Херн, најави дека Еј Џеј ќе има три меча оваа година, а последниот треба да се одржи во декември.
Дионтеј Вајлдер долго се споменуваше како негов потенцијален противник на крајот на годината, но тоа нема да се случи, иако Херн верува дека Ентони наскоро би можел да добие голема борба.
Но, Џошуа мора да има барем уште една борба додека не дојде до таа ситуација. Неговиот промотор ги откри потенцијалните противници, а меѓу нив е и Хрватот Филип Хрговиќ
„Тешко дека ќе биде Мануел Чар, кој е ВБА „Регуларен“ шампион и сега бара противник. Противник најверојатно нема да биде Џошуа. Но, затоа размислуваме за Кабајел, а тоа може да биде Хрговиќ или Валин“, истакна Еди Херн и продолжи:
„Тоа сигурно нема да бидат Дионтеј Вајлдер и Енди Руиз, а веројатно дури ни Жилеј Жанг. Сè уште не сме сигурни. Ентони сака да се бори во декември, сака да ја затвори оваа година со три борби. Сакаме да се бори на настанот на 23 декември“.