Откако вчера промоторот на Ентони Џошуа, Еди Херн. изјави дека неговиот боксер има поголеми шанси да се бор со Тајсон Фјури отколку со Дионтеј Вајлдер на 13 април „Вембли“, но и дека понудите може да бидат променети до последен момент. Во теснецот во кој се најде Херн почна да лицитира со понудите.
Да потсетиме дека договорот со Дионтеј Вајлдер не помина успешно, па Херн сега понуди 40 отсто од заработката за противникот, а тоа се околу 50 милиони фунти!
„Фјури можеш да се бориш на 13 април. Ги знаеш условите. Не си далеку од поделба пола-пола. Исто му нудевме и на Вајлдер, а на навивачите мора да им биде јасно дека нема вистина во пишувањата дека Џошуа бега од овие борби“, истакна Херн.
Фјури, меѓутоа, сака поделба 50-50, но и реванш со Вајлдер.
„Очекувам борба со Вајлдер во Америка или во Англија“.
Ако отпадне и Фјури за Џошуа тогаш како единствена опција останува Дилиен Вајт, затоа што сите останати боксери се недоволно атрактивни да го наполнат Вембли.