Поранешниот боксерски шампион Ентони Џошуа се враќа во рингот на 1 април против Американецот Џермејн Френклин. Тоа ќе биде прва борба за Британецот по двата порази од Aлександaр Усик.
Кон крајот на минатата година една од поинтересните боксерски теми беше потенцијалната борба меѓу Еј Џеј и Тајсон Фјури. Дури и се водеа преговори, но на крајот натпреварот не се реализираше.
На почетокот на декември Фјури боксираше против Дерек Чисора и победи со прекин во десеттата рунда.
Промоторот на Џошуа, Еди Херн, сака повторно да ги разгори разговорите за можен меч против Џипси Кинг.
Но, Фјури и неговиот тим во моментов преговараат со Усика за меч за апсолутен шампион во тешка категорија.
Промоторот на Фјури, Френк Ворен, истакнува дека се многу блиску до договор, додека менаџерот на Усик, Александар Красјук, истакнува дека се појавиле одредени проблеми околу распределбата на заработката.
Потенцира дека нема да се откаже од барањето заработката да се подели 50-50!
И додека моменталната ситуација е во тек, Херн изјави дека Еј Џеј би сакал ова лето да боксира против Фјури.
„Немојте да се чудите, не знам како ќе се одвиваат разговорите со Усик, но Џошуа многу лесно би можел да биде следниот противник на Фјури. Доколку пропаднат разговорите и се договори меч меѓу Усик и Фјури, тогаш Еј Џеј би можел да се бори со Тајсон налето“, изјави Еди Херн и додаде:
„Што велите за тоа? Доколку таа борба не се случи, Џошуа ќе бара меч со Фјури. Немојте да се чудите ако го договориме тој дуел налето. Тоа е многу поголемо од борбата на Усик со Фјури, многу поголема“.