Хенри Сехудо го шокира светот, го симна од тронот Деметриус Џонсон (ВИДЕО)

Хенри Сехудо (13-2, 7-2) го симна од тронот рекордерот по бројот на одбрана на титули во УФЦ.

Златниот олимписки борач на УФЦ 227 во Лос Анџелес во вториот обид успеа да го победи Деметриус Џонсон (27-3-1, 15-2-1 УФЦ) и да стане шампион во мува категорија.

Сехудо се славеше со поделена одлука на судиите 48-47, 47-48, 48-47. Во првата борба во 2016 година, Моќниот Маус (Глушец) победи со технички нокаут во првата рунда.

Џонсон досега беше единствениот шампион во нува категорија на УФЦ. Тој ја освои титулата во 2012 година, победувајќи го со поделена одлука Џозеф Бенавидез.

Т.Ј. Дилшоу (15-3, 11-3 УФЦ) во реваншот беше подобар од Коди Гарбрант (11-2, 6-2 УФЦ). Во својата прва одбрана на титулата во бантам во второто владеење во категоријата Дилашоу го нокаутира противникот во првата рунда. Го здрма со серија на боксерски удари, потоа со коленото го погоди во главата и по уште неколку удари судијата ја прекина борбата.

Ренато Моикано (13-1-1, 4-1 УФЦ) со давење од позади во првата рунда го порази Куб Свансон (25-10, 10-6 УФЦ).

УФЦ 227:
T.J. Дилшоу – Коди Гарбрант (ТКО, Р1)
Хенри Сехудо – Деметриус Џонсон (судиска одлука 48-47, 47-48, 48-47)
Ренато Мојкано – Куб Свансон (сабмишн, давење од позади, Р1)
Ј.Ј. Елдрич – Полана Вијана (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 29-27)
Тијаго “Марета” Сантос – Кевин Холанд (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 29-26)
Педро Муњоз – Брет Џонс (едногласна одлука на судиите, 30-26, 29-28, 29-27)
Рики Симон – Монтел Џексон (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 29-28)
Рикардо Рамос – Кјунг Хо Канг (поделена одлука на судиите, 28-29, 29-28, 29-28)
Шејмон Морас – Мет Сајлс (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 29-28)
Алекс Перез – Хозе Торес (ТКО, Р1)
Веили Џанг – Даниел Тејлор (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 29-28)
Марлон Вера – Вулиџи Бурен (ТКО, Р2)

https://youtu.be/o76A13j9wxw

https://youtu.be/-UxKqPi1FKw

https://youtu.be/IbSfg9UOhz8

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON