Хенри Сехудо малку ќе ги забави аспирациите за деби во перо категорија. Неодамна „Трипл Ц“ објави дека се враќа во ММА. Почна да дава примероци на УСАДА и ќе може да влезе во кафезот за 6 месеци. Првично, Сехудо рече дека сака да ја брка титулата во 3-та различна категорија.
Тој не престана да го предизвикува Александар Волкановски. За жал, Дана Вајт закочи. Очигледно Сехудо сфаќа дека не може да ги преуреди другите во перо категоријата и решил да се бори во петел категорија.
Пред две години Сехудо ја одбрани титулата во петел категоирија со победата над Доминик Круз. Веднаш по борбата Хенри објави дека се повлекува од ММА. Реално, не ја загуби титулата во битка, туку ја ослободи затоа што се пензионираше.
На социјалните мрежи Сехудо рече дека ќе ги исправи грешките во петел категорија и му се закани на Алџамејн Стерлинг. Стерлинг моментално е шампион, а Дана Вајт навести битка меѓу него и Ти Џеј Дилашоу.
Сепак, Хенри Сехудо би можел да ги помеша плановите.
„Се вратив за битки со овие слаби луѓе. Ќе ги поправам грешките.
Алџамејн Стерлинг, ти си кандидат број еден, кучко“, напиша Сехудо на Твитер.