Хенбо: Цел месец бесплатни тернинзи со инструктори по аикидо!

Henbo zafat

Од денес па до крајот на месецов скопскиот аикидо клуб „Хенбо“ организира тренинзи со гости-инструктори од јапонската боречка вештина аикидо. Инструкторите од сите останати аикидо клубови од Македонија, каде што се практикува традиционалното аикидо ќе гостуваат со одржување по еден тренинг за членовите на клубот Хенбо.

Тренинзите ќе се одржуваат секој понеделник, среда и петок со почеток од 20.30 часот во просториите на аикидо клубот Хенбо (спортската сала во ОУ Ј.Х. Песталоци во Центар) и ќе бидат бесплатни.

Henbo demonstracija

Познати се клубовите кои ќе учествуваат: Пат кон мирот (Скопје), Кобукан (Скопје), Зендокан (Скопје), Теншинкан (Скопје), Агатсу (Куманово), Аикикан (Тетово), Хоши (Скопје), Заншин (Куманово) и Кенбукан (Битола).

Организирањето на ваквите заеднички тренинзи е во рамките на одбележувањето на десетгодишнината од постоењето на клубот Хенбо кој е основач на Македонската аикидо федерација.

 ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON