Финскиот боксер во тешка категорија, Роберт Хелениус, ќе се вклучи во кампот на Тајсон Фјури, кој се подготвува за реваншот против Владимир Кличко. Борбата за светските титули во тешка категорија е на 9 јули во Манчестер.
Двометарскиот скандинавец го забележа првиот пораз во својата кариера во април од Јован Дјуапа.
„Треба да тренирам со најдобрите, за да бидам најдобар. Важно е повторно да се мотивирам и инспирирам. Колку повеќе се поготвувам толку подобро за мене“, рече Хелениус.
Хелениус добил покана и од Владимир Кличко.
„Ми се јави, но кампот со Фјури е посоодветен за мене. Би можел подоцна да одам и кај Владимир, во јуни“, објасни Хелениус.
https://youtu.be/GNkHolZClKM