Хелениус го шокираше Ковнацки во мечот за ВБА предизвикувач (ВИДЕО)

Роберт Хелениус (30-3, 19 КО) приреди огромно изненадување во Њујорк.

Финскиот двометраш во мечот за предизвикувач на ВБА федерацијата во тешка категорија го победи популарниот њујоршки боксер Адам Ковнацки (20-1, 15 КО) пред неговите навивачи на Барклис центарот.

Ковнацки очекувано го отвори мечот во своја полза и се чинеше дека 36-годишниот „Нордискиот ноќен кошмар“ е исцрпен пред да биде притиснат покрај јажињата на стартот од четвртата рунда со лев директ го собори Полјакот.

Судијата тоа не го виде како нокдаун, иако очигледно Ковнацки беше разнишан. Наскоро со комбинација 1-2-3 го испрати на грб и судијата му броеше на домашниот боксер.

На Полјакот му се освети стилот во кој не се грижи многу за одбраната.

Хелениус не ја пропушти приликата и со серија удари го принуди судијата Дејвид Филдс да ја прекине борбата. До прекинот заостануваше на бодовните картички кај сите тројца судии.

Повеќето интернет обложувалници за фаворит го имаа Ковнацки во соднос 25-1.

По амеирканското деби минатиот јули кога изгуби со нокаут од Џералд Вашингтон се чинеше дека кариерата на Хелениус во врвниот тешкашки бокс е завршена. Се врати дома, избоксира еден меч во Естонија во ноември и се врати во Америка и ја победи во борбата за предизвикувачот на ВБА федерацијата.

Ковнацки го нокаутира Вашингтон во втората рунда во јануари минатата година. До сега ги победи и поранешниот светски првак Чарлс Мартин, Крис Ареола и Артур Шппилка.

Актуелен ВБА „супер“ шампион е Ентони Џошуа, додека Мануел Чар ја држи ’редовната’ титула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON