Хектор Ломбард се враќа во ММА и бара нови можности за борба таму.
Поранешниот шампион во Белатор во средна категорија и ветеран на УФЦ потпиша со Игл ФЦ и го чека своето деби таму на 20 мај. Тој рече дека е среќен што ќе се соочи со Тајрон Вудли за да реши еден стар спор.
Ломбард се надева дека Игл ФЦ ќе потпише со Вудли, кој моментално е слободен. 44-годишниот борец рече дека многу се потпира на тоа.
„Знаете дека ќе ја прифатам оваа битка. Немате што да ме прашате воопшто. Ако ми понудат, јас сум подготвен“.
Во летото 2021 година, Ломбард и Вудли се скараа за време на настан на БКФЦ/ BKFC. Ломбард го обвини Вудли дека го удрил тренинг партнерот и оттогаш со нетрпение чека да го стигне Американецот.
„Тој е бесрамен, лажен е и му го кажав тоа в лице. Не сакам лицемерни луѓе. Тој е лажго и го покрива тоа со религијата. Користи маска, но е лицемер. Не можам издржам такви луѓе“.
Ломбард имаше неколку борби во бокс со голи раце, но не се бореше во ММА од 2018 година, кога го напушти УФЦ. Сега едвај чека да се врати во спортот во кој помина повеќе од една деценија.
„Многу сум среќен што се борам во Мајами. Едвај чекам да ја претставувам Куба и мојот народ што е таму. Отсекогаш сакав ММА и тоа секогаш ќе биде дел од мојот живот“.