Хавиер Мендез проговори за идните противници на Хабиб Нурмагомедов, шампионот на УФЦ во лесна категорија. Тој верува дека Конор Мек Грегор е меѓу најопасните противници за Хабиб, иако Нурмагомедов го победи минатата година.
„Ќе зборувам за потенцијалните противници на Хабиб и ќе кажам кои се најопасни за него, барем според мене. Мислам дека Макс Холовеј ќе биде најлесниот за Хабиб. Макс има добар бокс, но му снемува сила за лесна категорија. Следното име на листата е Дастин Поиер.
Тој е издржлив и флексибилен. Тони Фергуосн е мојот втор избор, за поголем дел тежок противник. Неговите лакти се многу опасни. И број еден за мене се уште е Конор. Неговиот бокс е посебен, тоа е неговата шанса. Тој е најопасен противник за Хабиб“, истакна Мендез.
Хабиб ќе се врати во септември и најверојатно ќе ја брани титулата против Дастин Пориер.