Тренерот на Хабиб Нурмагомедов, Хавиер Мендез е оптимист во врска со можниот меч против Тони Фергусон. Шампионот во лесна категорија на УФЦ е подготвен да се бори со американската ѕвезда.
„Тони ќе се обиде да му одолее на партер. Ќе се обиде да дејствува со лактите или да бара туш. Мислам дека нема да може ништо да му направи на Хабиб“, коментира Мендез и додава:„Мислам дека Хабиб ќе го згази Тони“.
За овој меч сè уште нема договор. Доколку Фергусон не се согласи или не е подготвен да се бори против Нурмагомедов, најверојатно следниот кандидат за титулата ќе биде Џастин Гаетје.