Харуни: Цврста и рамноправна борба, да победеше и Ардијан немаше да има забелешки

Ардијан Аземи (-91 кг) синоќа на Светското боксерско првенство за млади во Киелце, Полска, загуби со поделена одлука на судиите од Кубанецот Хорхе Фелимон во осминафиналето. Кубанецот не очекуваше ваков отпор, победата слобдно можеше да му припадне и на нашиот боксер, бидејќи Фелимон беше подобар само во првата рунда и тоа за нијанса.  

„Борбата беше цврста и рамноправна, 2-1 изубивме против противник од држава која е боксерска велесила. Ардијан даде се од себе. Судиите да му ја доделеја победата и на Ардијан немаше да има никакви забелешки. Но, ова е показател дека боксот во Македонија оди во нагорна линија“, вели тренерот на Ардијан, Насер Харуни.

Ова е знак и патоказ по кој треба да продолжи Аземи, а успесите нема да изостанат.

Да потсетиме дека Аземи одлично ги избоксира сите три рунди, а во втората и третата имаше многу поубдлив настап, нешто што Кубанецот не го очекуваше.

Во првата рунда Кубанецот притискаше со левицата и се обидуваше да го донесе Аземи во аголот. Ардијан враќаше со брзи крошеа.

Аземи во втората рунда наметна свој стил борба кој му овозможи повќе удари, а предната десница беше брза и правеше простор за удари.

А во третата нашиот боксер тргна поагресивно и добро избокисра тактички и беше подобар.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON