Иако нашиот шампион Ардијан Аземи го избоскира одлично целиот турнир Младинска Златна ракавица во Белград, Србија, и го освои златниот медал, наградата го одмина.
Тренерот Насер Харуни не е задоволен од оваа одлука на жирито, бидејќи според сите тренери и боксери Ардијан заслужил признание. Сепак, Харуни вели дека тоа не е најважно, затоа што целта на Аземи оваа година е Светското првенство во Киелце, Полска, кое ќе се одржи кон крајот на април.
Пред СП претстои проверка на еден од најсилните младински боксерски турнири „Емил Жечев“ во Бугарија.
„Ардијан беше супериорен над сите, имаше честитки за полуфиналето и за финалето, затоа што квалитетите на неговите противници беа пренагласувани. Ни останува уште една проверка пред СП на „Емил Жечев“. На овој турнир лани освои златен медал. Потоа на СП се надеваме дека ќе стигнеме до медал“, изјави тренерот Насер Харуни.
Харуни истакна дека нашите боксери добро ги одработиле подготовките во Србија, а дека Хоџа му дал најсилен отпор на романскиот боксер. Во добро светло се покажал и Беќири. Моника Стојковска заслужено го добила признанието за најборбен пар, бидејќи одлично избоксирала против Романката Габриела Лазаров.
https://www.youtube.com/watch?v=GtqdhgEMAQE&feature=share&fbclid=IwAR0eg-uoHadFHybU29BdO9Z4SpSBJnc6sPlLYaPn5-cV7gH4fuNHJuwcgH4