Бадр Хари се огласи преку социјалните мрежи по неговиот втор пораз од Рико Верховен.
Како и во првата борба во 2016 година, 35-годишниот Мароканец го загуби мечот поради повреда. Хари изгледаше одлично во борбата за појасот на Глори на стадионот Арнхем пред 31.000 гледачи. Со собори бранителот на титулата со нокаут во првата рунда, а Верховен се најде во нокдаун по левиот висок удар на почетокот во третата рунда. Наскоро се повреди кога го изведе последниот кружен удар од свртување и не можеше да ја продолжи борбата.
„Сакам да и се заблагодарам на целата моја армија за оваа неверојатна боречка ноќ. Бевте неверојатни и не можам да ви опишам како се чувствував влегувајќи во рингот во таа луда атмосфера. Беше тоа уникатно чувство и сум горд што ја имав вашата поддршка“.
„Можете да замислите колку е тешко за мене да го прифатам овој исход. Му покажав на светот дека сè уште сум доминантниот борец во тешка категорија. Исто така, целосно сум убеден дека ќе го освојам овој појас. Би сакал да му се заблагодарам и на Рико Верховен за неговото примерно спортско однесување по мојата повреда. Ќе се вратам. Бидете подготвени“
До болницата по мечот Хари Стотици го придружуваа стотици навивачи.