Мајкл Хантер (18-1, 12 КО) го продолжува подемот во тешка категорија.
Откако пред скоро две и пол години го доживеа еднистевниот пораз од кралот на леснотешка категорија Александар Усик, 31-годишниот Американец се подигна во тешка категорија и забележа 6 победи, меѓу кои и нокаути против Мартин Баколе Илунга, Александар Устинов и против поранешен борец на УФЦ Фабио Малдонадо.
Новиот значаен успех го о ствари во Театарот Медисон сквер гарден победувајќи го со убедлива судиска одлука на претходно непоразениот Сергеј Кузмин (15-1, 11 КО) во мечот за ВБА Интерконтинентална титула. Сите судии бодуваа 117-110.
Хантер го соборуваше 32-годишниот Русин со лево кроше на старот на петата рунда.
Во главната борба на вечерта, 20-годишниот Девин Ханеј (23-0, 15 КО) го совлада Русинот Заур Абдулаев (11-1, 7 КО) со прекин по 4-тата рунда и стана привремен шампион во лесна категорија на ВБЦ.
Во пресметката на боксерките од Бруклин, Аманда Серано (37-7-1, 27 КО) со едногласна одлука на судиите (98-91, 98-91, 98-92) ја совлада членката на Белатор Хидер Харди (22-1, 4 КО) и притоа и го нанесе првиот пораз, го зазеде појасот на ВБО во лесна категоријата и ја освои привремената титула на ВБЦ. Серано освојуваше титули светски шампион во седум тежински категoрии.