Малку е да се каже дека Марк Хант е бесен на начинот на кој се одвиваа работите по неговата борба со Брок Леснар.
Самоанската легенда изјави дека бара половина од платата на Леснар од 2,5 милиони долари, или раскинување на договорот со УФЦ. Тој вели дека не добил никаков одговор од американската организација и дека ова е само уште еден доказ дека не им е грижа.
Овие настани му се само уште една причина повеќе за формирањето на здружение на борците. Марк Хант професионално се бори речиси 20 години и видмле многу работи и неговото искуство може да им помогне на борците кои сега влегуваат во светот на професионалното ММА.
„По мене, ова работа со допингот на Брок Леснар е само уште една причина зошто ни треба здружение на борци. Тие типови (УФЦ) ги измислуваат правилата во од“.
„Прво, Рибок, па четиримесечното ослободување на Леснар од тестирања. Конор го тргаат од настанот, затоа што не сакаше да оди на прес-конференција, на која ниту Брок ниту јас, исто така, не одевме. Па обидете се да го сфатите тоа. Тука се веројатно еден куп други работи“, рече за MarkHunt.tv.
„Еднаш кога одлучија да го отстранат Конор, повеќе не им беше грижа. Само и требаше име за да го направат голем УФЦ 200. Исклучоци за Брок, но не и за Конор, не знам како може да го направат тоа“.
„Овие момци измислуваат срања во од. А борци се уште одбиваат да ги поддржат другите борци кога ќе не заебат“.
Хант сака здружение на борците кои нема да се плашат од УФЦ. 42-годишниот борец веќе долго време е во боречките вештини и многу од тоа видел. Првиот боксерски меч го одработи во 1998 година, а во кик бокс дебитира следната година. Во ММА влезе 2004 година.
„Тие типови ги наполнија џебовите со нашата крв. Мислам, без сомнение заслужуваат да бидат платени, го создадоа УФЦ од ништо и направи од него она што е денес, но ајде, поголемиот број на млади луѓе кои се борат ништо не се платени и никакви придонеси не се плаќаат“.
„Ако ме прашате мене, потребен ни е систем во кој барем да ги прашаат борците пред да донесат одлуки и борците да може да се грижат едни за други. Ни треба асоцијација која ќе ни помогне и нашиот глас се слушне. Ние сме една голема причина поради која навивачите го гледаат овој спорт и ние го ризикува нашето здравје за да го работиме тоа“.
„Не сум сигурен како е тоа во Америка, но во Австралија работниците се држат заедно за да бидат сигурни дека нивниот глас се слуша. Многу момци зборуваа за ова, но некој мора да го оставри и ќе бидам среќен ако може да бидам тоа јас“.
Хант ги повика колегите борци да му се јават во врска со ова прашање.