Веста за позитивниот допинг тест на Брок Леснар можеби нема да изненади многу луѓе.
Марк Хант кој загуби од Леснар на УФЦ 200, е многу разочаран од она што се случило.
Згора на тоа, Леснар освои 2 500.000 долари како екстра хонорар за учество, што е апсолутен рекорд. Освен тоа, тој има и дел од приходите од ППВ.
Откако стана јасно дека борачот дал позитивен допинг тест, Хант изјави дека сака 50% од надоместокот и, ако не го добие, инсистира веднаш да биде ослободен од организацијата. Од УФЦ се уште не се без оодговор.
„Измамниците добиваат шлаканица по раката и само толку. Оваа казна не може да ги натера да си ја преиспитаат постапката. А зошто од Комисијата во Невада земаат пари за тоа? Не беа тие оние кои мораа да се борат со Леснар и да загубат. Јас изгубив“.