Хамзат Чимаев тврди дека Шон Стрикленд и Дрикус Ду Плесис се плашат од него.
Викендов Стрикленд ќе ја заложи титулата во средна категорија против Ду Плесис. Тие ќе го предводат настанот УФЦ 297 кој ќе се одржи во Канада. „Борз“ откри дека од УФЦ му ветиле шанса за титулата со победникот. Ду Плесис ја коментираше изјавата на Чимаев и рече дека нема да му даде шанса бидејќи не ја заслужил.
Чимаев верува дека Стрикленд ќе може да се справи со Ду Плесис и потоа ќе се борат. Шон и Дрикус зборуваат против Чеченецот, кој верува дека двајцата се плашат од него.
Овие двајца наскоро ќе се борат, а мислат на мене, не знаев дека толку ги плашам“, напиша Чимаев на социјалните мрежи.
View this post on Instagram