Чеченската ѕвезда Хамзат Чимаев не е голем обожавател на Конор Мек Грегор и често го навредува. Тоа не беше случај пред многу години, кога Чимаев беше сè уште сиромашен и далеку од големите борби.
Денеска 27-годишниот Чеченец е голема надеж во УФЦ. Тој ги доби првите три битки за 66 дена со завршница во 2 различни категории. Викендов „Борз“по една година отсуство ќе се врати за да ги одмери силите со Ли Џинглијан во Абу Даби.
Чимаев има големи цели и амбиции, а на почетокот на кариерата инспирација ја нашол во непријателот Мек Грегор.
„Се враќав во стан кој не беше толку убав. Имам големо семејство и живеевме заедно во овој стан со мајка ми и моите браќа и сестри. Секое утро пред работа излегував да трчам и гледав голема куќа, убава куќа, убави станови и ми беше жал за мајка ми.
Секогаш размислував како ќе заработам големи пари и како ќе и купам нешто на мајка ми за да ја усреќам. Гледав како Конор Мек Грегор се бори со Жозе Алдо.
Тогаш си реков дека и јас можам да ги заработам тие милиони, бидејќи и тие можат. Јас сум борец и воин. Цело време се чувствував како да имам нешто во себе и сакав да им го покажам на луѓето.
За некои луѓе Мек Грегор е добар, а за други лош. Сепак, не може да се негира дека ова момче засекогаш го промени спортот“, реле Чимаев во интервју за ЕСПН.