Хамзат Чимаев: Сакам да се борам во март, но нема противници!

Хамзат Чимаев рече дека сака да се бори во март 2023 година, но дека нема желба за тоа од другите.

28-годишниот Чеченец тврди дека четворица различни борци одбиле да се борат со него. „Борз“ не се грижи за името на ривалите, како и за категоријата. Тој само сака да се бори, но очигледно УФЦ не може да му закаже борба.

„Веќе сум во тренинг камп. Немам поим со кого ќе се борам. Нивните имиња постојано се менуваат. Секоја недела ми даваат ново име, но никој од нив не сака да се бори.

Борците многу зборуваат дека сакаат да се борат со мене, но кога станува збор за потпишување договор, сите бегаат. Веќе ми беа дадени четворица борци од четири различни земји, но на крајот никој не се согласи.

Секогаш сум подготвен. Би сакал мојата следна борба да биде во март во Лас Вегас. Не знам кој ќе ја прифати борбата со мене

Не ми е гајле во која категорија е. Главната работа е да имам противник, бидејќи веќе сум уморен од сето ова. Наоѓање ривал, разговор на социјалните мрежи. Ова не е моја игра.

Морам да се борам за титулата. Скорот на Алекс Переира е 6-1, тој загуби, а јас никогаш во животот не сум загубил. Переира загуби од тип кој не се ни бори во УФЦ.

Но, ако УФЦ не сака, Переира не сака, што да правам? Ако момците продолжат да бегаат од мене, само дајте ми барем некој“, изјави Чимаев на својот Јутјуб канал.

УФЦ сака Чимаев да се бори со Колби Ковингон, но Американецот очигледно не е заинтересиран. Останува да видиме кој ќе биде следен за Чимаев.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khamzat Chimaev (@khamzat_chimaev)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО