Ѕвездата во надоаѓање на УФЦ во средна и во полусредна категорија Хамзат Чимаев му даде поддршка на момче заболено од рак. На социјалните мрежи објави видео како тренира со момчето. „Борз“ го инспирираше да се бори против ракот и се закани дека ќе стане шампион во најголемата ММА организација. Тој има златна шанса да се исфрли на врвот и ќе се обиде да го направи тоа овој месец.
26-годишниот борец ќе ја предводи гала вечерта на УФЦ во Лас Вегас на 19 декември. Тој ќе се бори против врвниот борец Леон Едвардс и доколку победи, тогаш ќе влезе во топ 3 во категоријата. Хамзат доаѓа по големата нокаут победа за 17 секунди над Мершарт во септември оваа година. Многумина го сметаат за сериозна закана, а тој покажува дека е голем борец, но и голем човек.
„Рикардо, ќе го победиш ракот, а јас ќе станам шампион во УФЦ“, напиша Чимаев на социјалните мрежи.
.