Хамзат Чимаев ќе се бори против Камару Усман на настанот на УФЦ во Абу Даби

Реваншот меѓу Ислам Махачев и Александар Волкановски ќе биде главен на спектакуларниот настан УФЦ 294 на 21 октомври во Абу Даби.

Во главната борба на настанот Дагестанецот ќе го брани појасот во лесна категорија против шампионот во перо категорија, откако во февруари во Перт со едногласна одлука го совлада Алекс.

Но, шоуто во главниот град на Обединетите Арапски Емирати доби уште еден многу возбудлив и атрактивен меч.

Имено, во конасловната борба Хамзат Чимаев ќе се пресмета со поранешниот шампион во полусредна категорија Камару Усман кој влезе како замена за повредениот Пауло Коста.

Мечот меѓу Чимаев и Усман беше договорен во средна категорија.

Уште во мај се зборуваше за нивен можен дуел, па УФЦ по откажувањето на борбата на Коста им ја исполни желбата.

„Неделата беше многу напорна. Договоривме голем меч, долгоочекуваниот реванш меѓу Махачев и Волкановски. Ни остана уште конасловната борба откако Коста се повреди, па почнаа гласините. Сега можам да потврдам – успеавме“, рече претседателот на УФЦ Дана Вајт и продолжи:

„Значи четвртиот светски велтераш Хамзат Чимаев се сели во средна категорија и ќе се бори со првиот велтераш во светот Камару Усман. Нивната борба беше договорена во средна категорија“, Усман против Чимаев. Се гледаме во Абу Даби“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON