Хамзат Чимаев: Ќе го убијам Нејт Дијаз, ќе го исфрлам од УФЦ!

Хамзат Чимаев ќе се соочи со Нејт Дијаз во последната борба од договорот на Американецот со УФЦ. Дијаз по оваа борба планира да ја напушти организацијата.

Сепак, нема да му биде лесно, бидејќи Чимаев е еден од најагресивните и инспирирани млади надежи на организацијата. Има 11 победи и без пораз, а исто така е на третото место во полусредна категорија.

Дури и самиот Дијаз призна дека ова е тешка борба за него, но тој е подготвен да го направи тоа за да излезе од договорот со УФЦ.

Сепак, Чимаев е дециден дека нема да го сожалува противникот.

„Самиот Дијаз рече дека јас сум опасен противник за него. Можам лесно да го здробам. Старее. Повеќе не е истиот борец кој го победи Конор Мек Грегор.

Тој веќе не е толку млад. Ова е неговата последна борба. Ќе го изгуби и ќе оди во бокс. ќе го убијам. Ќе го исфрлам од УФЦ“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khamzat Chimaev (@khamzat_chimaev)

Сепак, многу фанови оваа борба ја гледаат како жртва за Дијаз, само за побрзо да ја изгради кариерата на Чимаев.

Сепак, „Борз“ тврди дека оваа борба не ја зема здраво за готово.

„Секоја борба е различна и може да ве изненади. На пример, во мојата последна борба направив грешки. Постојано размислував како да го нокаутирам Барнс.

Трчав по него три рунди и не можев да го нокаутирам. Понекогаш треба да бидете подготвени да одите на 5 рунди, на 10 рунди. Без разлика…бев подготвен.

Успеа да ме собори, но јас се вратив и го завршив“.

Ако Чимаев победи, најверојатно ќе биде следниот кандидат за титулата во полусредна категорија. Шампионот Камару Усман викендов ќе ја брани против Леон Едвардс.

„Борз“ е на мислење дека доколку победи Усман, голема е веројатноста да се повлече за да избегне пресметка со него.

„Мислам дека Усман се плаши од мене. Постојано кажува како ќе се извлече од полусредна категорија. Се надевам дека ќе победи и ќе можам да се борам со него. Но, ако се повлече… Хорхе почна многу да зборува. Така ќе може да му го разбијам лицето“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON