Хамзат Чимаев и Жилберт Барнс би можеле наскоро да договорат борба

Шведско-чеченскиот борец Хамзат Чимаев се врати во октагонот во октомври по долга пауза и лекување од последиците на коронавирусот со победата против Џинглијанг Ли.

На Чимаев му требаа нешто повеќе од три минути да стигне до својата десетта победа во кариерата и четврта во УФЦ со „давење од позади“.

Хамзат брзо се искачуваше на ранг-листата во полусредна категорија и сега треба да може да победи во борбата против некој од врвот на дивизијата. Интерес за мечот против опасниот противник покажа Жилберт Барнс.

Се чини дека Бразилецот би ја прифатил борбата против Чимаев, што може да се заклучи од кореспонденцијата на нивните пораки. Имено, на интернет се објавени нивните пораки кои си ги праќале преку Инстаграм.

Чимаев одговори на една од објавите на Барнс во која се споменува нивната борба. На ова Бразилецот напиша: 9-ти април.

Шведско-чеченскиот борец го прифати предлогот. Се чини дека Чимаев и Барнс често разменуваат пораки, а овој пат навистина можеле да се договорат за нешто.

Жилберт Барнс го победи Стивен Томпсон по поразот од шампионот Усман. Бразилецот во јули го победи американскиот борец со едногласна одлука на судиите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON