Ѕвездата во подем на УФЦ, Хамзат Чимаев привлече уште поголемо внимание кон себе. Непоразениот Чеченец забележа нова голема победа во Лас Вегас. На 26-годишниот борец во средбата со искусниот ветеран Џералд Мершарт во средна категорија му требаа само 17 секунди за да зададе молскавичен удар со десницата точно во брадата на Мершарт и брутално да го нокаутира.
Со оваа победа Чимаев влегува во серија од 9 последователни победи со завршница и останува непоразен во ММА.
Во интервјуто по борбата, Чимаев рече дека целта му била да го убие Мершарт и да побара бонус од Дана Вајт.
Следниот месец, Чимаев ќе се бори во Абу Даби со Демијан Маја во полусредна категорија. Додека Џералд влезе во серија од два последователни порази со нокаут.
https://twitter.com/tam5j/status/1307494568200470528?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1307494568200470528%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Fcdn.embedly.com%2Fwidgets%2Fmedia.html%3Ftype%3Dtext2Fhtmlkey%3Dcb7145f1731b4c328f8e4d2201854ceaschema%3Dtwitterurl%3Dhttps3A%2F%2Ftwitter.com%2Ftam5j%2Fstatus%2F1307494568200470528image%3D
17 seconds win with one punch!
Khamzat Chimaev is a big problem for the division!😳 @KChimaev @ufc https://t.co/p8stqfYI9z— Ross Edmonds (@RosssEdmonds) September 20, 2020
ONE AND DONE. #UFCVegas11 pic.twitter.com/g5zVqpRPiO
— UFC (@ufc) September 20, 2020