Ковингтон го победи Вудли со нокаут по повреда во 5-тата рунда (ВИДЕО)

Во мечот на поранешните шампиони во полусредна категорија Колби Ковингтон го совлада Тајрон Вудли со технички нокаут во главната борба на УФЦ Фајт најт 178, што заврши пред некое време во Лас Вегас.

Се очекуваше средбата да ја диктиреа Ковингтон, кој ја пренесе борбата на партер во првата рунда. Вудли успеа да застане на нозе, но Ковингтон не му дозволи да здивне и го обработуваше телото со удари.

Во втората рунда Вудли успеа да постигне нокдаун, но не направи нешто повеќе од тоа. Генерално, во овие две рунди Ковингтон постојано притискаше и го удираше Тајрон, победувајќи го. Во третата рунда Колби се држеше до својот план, постојан притисок, клинч и удирање. Мечот беше прекината по бркање во окото на Вудли кого лекар го прегледа и ја продолжи битката.

Всушност, Колби не му даде шанса на Вудли, во  почетокот на 5-тата Ковингтон постигна нокдаун. Вудли му даде гилотина и по некое време почна да вреска од болка. Судијата ја прекина борбата откако сфати дека Тајрон има повреда на реброто и така Колби победи со технички нокаут. Колби доминираше и ќе победеше ако битката се решаваше на поени.

Во интервјуто по борбата, Колби посака реванш со Камару Усман и борба со Хорхе Масвидал. Со оваа победа Ковингтон се врати на патот на победите откако загуби од Усман на крајот на минатата година. Вудли влезе во серија од три последователни порази и повторно изгледаше трагично.

УФЦ Фајт најт 178 – Резултати
Колби Ковингтон – Тајрон Вудли – ТКО (Р5 1:19)
Доналд Цероне – Нико Прајс – нережено (мнозинска одлука)
Хамзат Чимаев – Џералд Мершарт – КО (Р1 0:17)
Џони Вокер – Рајан Спан – КО (Р1 2:43)
Мекензи Дерн – Ранда Маркос – ЗАВ (Р1 3:44)
Кевин Холанд  – Дарен Стјуарт – поделена одлука

Давид Двожак – Џордан Еспиноза – едногласна одлука
Дејмон Џексон – Мирсад Бектиќ – ЗАВ (Р3 1:21)
Мајра Буено Силва – Мара Ромеро Борела -ЗАВ (Р1 2:29)
Џесика-Роуз Кларк – Сара Алпар – ТКО (Р3 4:21)
Дарик Минер – Т.Ј. Ларами – ЗАВ (Р1 0:52
Ренди Коста – Џорнеј Нусон – КО (Р1 0:41)
Андре Евел – Ирвин Ривера – поделена судиска одлука
Тајсон Нам – Џером Ривера – ТКО (Р2 0:34)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО