Хамзат Чимаев: Дијаз се откажа од 2 милиони долари за борбата со мене

Хамзат Чимаев изјави дека Нејт Дијаз одбил 2 милиони долари за да се соочи со него на УФЦ 279 во Лас Вегас. Дијаз и Чимаев требаше да се сретнат на главниот настан на гала вечерта на УФЦ во Лас Вегас, но Хамзат не успеа на мерењтео и тежеше 3,5 килограми повеќе.

Тони Фергусон беше избран за борба со Дијаз, додека Чимаев наместо тоа се соочи со Кевин Холанд. Чимаев (28) тврди дека борбата со Дијаз сепак можела да се случи откако тој на Американецот му ја понудил целата заработка од борбата.

„Можев да ја изгубам таа тежина, докторот ме спречи. Да, што да правам? Чекав да видам што ќе каже УФЦ. Реков дека сакам да се борам, па ќе му ги дадам сите пари на овој човек.

Тоа беше речиси два милиони. Им реков дека ќе му ги дадам сите пари на овој човек, нека се бори. Ако е тој гангстер, нека се бори за пари. Но, не сакаше да се пресмета со мене.

Па кој е гангстерот сега? Погледнете претежнувањето на социјалните мрежи и видете кој има најмногу прегледи. Ќе дознаете кој од нас е поголема ѕвезда. Јас имам 8 милиони прегледи, Дијаз има 6 милиони.

Луѓето можеби ќе речат дека не сакаат да ме гледаат како се борам. Тие се лажговци. Сите сакаат да ги гледаат моите борби, сите сакаат да го видат убиецот“, изјави Чимаев за медиумите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ESPN MMA (@espnmma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON