Хамзат Чимаев се врати во теретана и го продолжи тренингот за својата следна бoрба. Се очекува таа да се одржи следниот месец во Абу Даби, а името на неговиот ривал не е познато. На социјалните мрежи, непоразениот борец се пожали дека сите борци од првите 10 во полутешка категорија бегаат од борба со него.
Борецот е принуден да го насочи вниманието кон поранешниот кандидат за титулата Демијан Маја, кој беше прва опција.
„Разговаравме со УФЦ и никој од најдобрите 10 слободни борци не сака да се бори со мене. Демијан Маја, јас те почитувам и сакам да ја тестирам мојата борба против легенда како тебе“, напиша Хамзат на социјалните мрежи.
Чимаев има скор од 9-0 во ММА и ги добива сите средби со завршница. Тој е првиот борец во историјата на УФЦ кој победил во три борби за 66 дена и бил првиот што победил во две битки за 10 дена.
https://twitter.com/KChimaev/status/1308755219350605824?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1308755219350605824%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Fcdn.embedly.com%2Fwidgets%2Fmedia.html%3Ftype%3Dtext2Fhtmlkey%3Dcb7145f1731b4c328f8e4d2201854ceaschema%3Dtwitterurl%3Dhttps3A%2F%2Ftwitter.com%2Fkchimaev%2Fstatus%2F1308755219350605824image%3D
https://www.instagram.com/p/CFdasCmlBtA/